Медот е чудесен, но има и недостатоци за кои треба да знаете

Сигурно веќе ви е познато дека медот може да помогне при воспалено грло, но овој чудесен природен производ има и други предности за кои можеби не сте ни свесни. Исто така, има и недостатоци за кои треба да знаете.

Според студија од International Journal of Research and Review, природниот мед кој не е обработен или филтриран, ја намалува дисменорејата (болната менструација), на тој начин што делува антивоспалително.

Медот исто така помага и за намалување на силата на кашлицата. Консумирањето мед може да помогне и во намалувањето на симптомите на инфекција на горните дишни патишта, како што е кашлицата. Според клиниката Мајо, студиите покажале дека медот делува еднакво добро, ако не и подобро од популарните лекови против кашлица, кои содржат декстрометорфан.

Според нутриционистот Лорен О Конор, консумирањето мед може да помогне во ублажувањето симптоми на некои гастроинтестинални проблеми како што се дијареја, запек и чиреви. Клиниката Мајо тоа го поткрепува цитирајќи докази кои сугерираат дека може дури да помогне во намалување на проблемите, пишува Eat This, Not That.

Медот, исто така, може да ве заштити од слободните радикали. Медот има антиоксидативни предности кои го штитат телото од оштетувања на клетките. Со додавање малку мед во вашиот појадок со житарки или смути, може да го заштитите срцето.

„Само набавете висококвалитетен, минимално обработен мед. Антиоксидансите ги штитат клетките од оштетување на слободните радикали и спречуваат појава на различни болести, вклучително и на срцеви заболувања“, вели нутриционистот Бријана Видс.

Кои недостатоци на медот ги посочуваат експертите?

Медот може да биде штетен за забите поради шеќерот и може да го зголеми ризикот од кариес. Покрај тоа, може да биде проблематичен за луѓето со замастен црн дроб бидејќи содржи фруктоза.

Исто така, мит е дека медот може да ги ублажи симптомите на алергија. Всушност, медот може да има спротивен ефект.

„Во некои случаи, консумирањето мед може да придонесе за алергиски симптоми бидејќи за премногу чувствителните луѓе внесувањето на полен дури и во мали количини може да предизвика локални симптоми како чешање во устата“, вели д-р Лакаја Рајт.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Здравје

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе