Медведев со една изјава ги разгоре руско-јапонските страсти

Поранешниот руски претседател и заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев ги коментираше односите меѓу Русија и Јапонија и рече дека може да се постигне договор со Јапонија, но под одредени услови.

 

Со оглед на тоа што Јапонија и Русија никогаш официјално не потпишаа мировен договор по Втората светска војна, пред сè поради територијални спорови, односите меѓу земјите останаа напнати до ден-денес.

Во оваа прилика Медведев се осврна на изјавите на јапонскиот премиер Фуми Кишинда и рече дека за договорот може да се разговара под услов да се разговара за Курилските Oстрови и санкциите.

„Никој не е против договорот, но под одредени услови. Територијалното прашање е затворено еднаш засекогаш во согласност со Уставот на Русија. Курилските Oстрови активно ќе се развиваат, а нивната стратешка улога ќе расте паралелно, вклучително и стационирањето на ново оружје“, рече Медведев.

Исто така, Медведев рече дека Москва е на мислење дека нема територијални спорови со Јапонија.

„Гајле ни е за јапонските чувства за северните територии. Тоа не се ‘спорни територии’, туку Русија. Оние самураи кои се чувствуваат особено тажни можат да го завршат својот живот на традиционален јапонски начин со извршување на сепуку. Ако се осмелат, се разбира“, рече Медведев.

Конечно, во својот осврт поранешниот претседател на Русија ги спомна и Хирошима и Нагасаки.

„Секако, тоа би било многу подобро чувство отколку тоа да им се умилкувате на Американците додека целосно ги заборавате Хирошима и Нагасаки“, заклучи Медведев.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе