Меган фатена во лага: Медиумите го „ископаа“ венчалниот лист

Во шокантното интервју за Опра Винфри, Меган Маркл изјави дека се омажила за принцот Хари три дена пред кралската венчавка, а медиумите добро ги истражија тие информации и открија дека не се точни.

Меган во интервјуто рече дека кралската венчавка била само претстава за јавноста.

Британскиот медиум The Sun го објави нивниот венчален лист на кој официјален датум за венчавка е 19.05.2018 година, односно денот на официјалната кралска венчавка.

Зошто Меган рече дека се венчале три дена пред тој датум и им дозволи на медиумите повторно да најдат невистини во нејзините изјави, никој не знае.

Во интервју за Опра, Меган рече дека на таа венчавка немало сведоци, туку само принцот Хари, свештеникот и таа. Таа додаде дека вистинскиот венчален лист е закачен во рамка во нивната куќа, а не оној што го добиле на денот на кралската венчавка.

„Жал ми е, но Меган е очигледно збунета и дезинформирана. Не се венчале три дена претходно пред архиепископот во Кантербери“, изјави Стивен Бортон, поранешен началник на канцеларијата во матичната служба.

„Специјалната дозвола за чие составување им помогнав јас им дозволи да се венчаат во капелата Сент Џорџ во Виндзор, а она што се случи таму на 19 мај 2018 година и она што го видоа милиони луѓе ширум светот беше официјална венчавка признаена од Црквата и законот. Она што претпоставувам дека го направиле е размена на некои едноставни завети што можеби самите ги напишале и ги кажале пред архиепископот или, најверојатно, тоа било обична проба“, додаде Бортон.

„Не е можно да се венчале во Нотингем Котиџ бидејќи тоа не е одобрено место и немало доволно присутни сведоци. Не можете да стапите во брак со само тројца присутни. Тоа не е валидна церемонија. Мислам дека војвотката е збунета. Некое сведоштво за дадени завети закачено на ѕид не е официјално сведоштво за венчавка“, заклучи тој.

Remote video URL
реклама

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе