Меѓународна изожба на македонски и канадски графичари утревечер во КИЦ Битола

Утревечер со почеток во 20:00 часот во КИЦ Битола, во свечената сала на Офицерскиот дом ќе се случи свеченото отворање на изложбата „Македонски и канадски графичари 7х7“.

Изложбата е настаната како плод на соработката на двајцата куратори, Дерек Мајкл Бесант и Владо Ѓорески, па се прошири на седум македонски плус седум канадски графичари.

Почетната иницијатива брзо се прошири, наидувајќи на огромна страст за поврзување, така наместо 7+7 уметници, добивме 7х7 учесници како симбол на нашето поврзување бидејќи бројот на уметници кои ќе ги допре овој заеднички проект е многу поголем од 14, 20 или 49. Тука се додаваат и умножуваат и професорите и студентите на катедрите за графика од Факултетите за ликовна уметност од Скопје, Халифакс, Монтреал, Троа Ривиер, Алберта, Едмонтон и Келона, а да не ги заборавиме и организаторите и учесниците на Mеѓународното графичко триенале во Битола и Mеѓународно биенале за современa графика во Троа Ривиер, велат организаторите.

„Не би можела, а да не го спомнам и значењето на Културен и информативен центар Битола со нашиот препознатлив Офицерски, како цврст и добро проектиран континуитет и како институција која остава печат врз мапата и агендата на истакнати и признати ликовни, галериски и културни центри во светот. Оваа изложба е нашиот влог не само во институционални рамки туку најмногу како целосен и неизбришлив тестамент за иднината во која светлината на човечкото создавање единствено ќе се доближи до sвездената вечност во која и низ која единствено може да опстане нашата средина, подалеку од сите деструкции, апсурди, назадувања и безидејни себеуништувања“, пишува во воведот директорот на ЈОУ КИЦ Битола, Лили Бошевска.

Изложбата свое претставување ќе има во Канада, како дел од меѓународната соработка. Проектот е поддржан од Министерство за култура, како дел од националната програма за култура во 2023 и Општина Битола.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Култура

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе