Меланија му се спротистави на Доналд Трамп за имигрантите – Америка треба да владее со срце

Првата дама на САД ја изненади јавноста со благо спротивен став од претседателот во врска со контроверзната политика за имигранти според која се одвојуват децата од семејствата кои се обидуваат нелегално да влезат во земјата.

„Госпоѓа Трамп не сака да гледа како децата се делат од нивните семејствца и се надева дека двете страни конечно ќе најдат заедничко тло за да постигнат значајна реформа за имиграција. Таа смета дека треба да бидеме земја што ги следи законите, но исто така и земја што владее со срце“, пренесе нејзината портпаролка Стефани Гришам.

Ваквите коментари од првата дама следат откако се засилија контроверзите околу политиката за имиграција на Трамп базирана на „нула толеранција“.

Во изминатите шест недели речиси 2.000 семејства беа раздвоени во акции за пречување на нелегална имиграција на границата со Мексико.

Возрасните кои се обидуваат да ја преминат границата нелегално и да побараат азил се приведуваат и се товарат за нелегален влез во земјата, а децата завршуваат во притворни центри, одвоени од родителите, пракса што наиде на критики од многу групи за заштита на човековите права и правата на децата.

Меланија Трамп е имигрантка од Словенија. Таа доби дозвола за престој во САД благодарение на т.н. Ајнштајнова виза за луѓе со посебни таленти.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе