Менува репрезентации како чорапи: Играл за Косово, па за Албанија, а сега за Македонија

Филип Здравески
/ 29.09.2022 / 19:36

На последниот собир на македонската репрезентација за играчи до 19 година се појави и Шабан Зенку. И тука не би имало ништо необично сѐ додека не се погледне неговото минато репрезентативно CV.

Се работи за 18-годишен играч од средниот ред кој настапува во младинските категории на бундеслигашот Борусија од Менхенгладбах. Шабан Зенку е роден во Кичено на 8 февруари 2004 година, но неговиот репрезентативен пат почнал во Косово.

Прво добил повик и настапил за У18 репрезентацијата на Косово. Тоа било годинава. Но, потоа стигнал повик од Албанија У18, па се преселил во таа репрезентација.

ФФМ дознала дека Зејнку е всушност кичевчанец, па го контактирала во обид да го премисли и да ги брани боите на својата родна земја. Зенку прифатил, па во само една календарска година успеал да облече дрес на дури три различни репрезентации.

URL

За Македонија У19 веќе настапи на пријателските против Кипар одиграни во саботата и понеделникот во Скопје. Настапи на двата натпревара, а на вториот постигна и гол од слободен удар (Македонија победи со 3:2).

„Добив покана од сите три репрезентации и стекнав искуство од сите. Многу ми се допадна, особено во Македонија и среќен сум што со мојот гол ѝ помогнав да победи“, изјави Зенјку говорејќи за косовскиот портал GazetaBlic Sport.

„Поминав убаво, но кратко време во Косово. Добив покана и ја прифатив и видов се. Сепак, јас сум од Кичево, па поинаку е да се игра за Македонија“, додаде.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Фудбал

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more
 

Спорт

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе