Негативен е и третиот тест за инфекција на коронавирус кај германската канцеларка Ангела Меркел, соопштија денеска од нејзиниот кабинет.
„Канцеларката и во следните неколку дена своите државнички работи ќе ги извршува од домашниот карантин“, додава владата во Берлин во соопштение.
Канцеларката Меркел е во домашен карантин откако на 20 март била вакцинирана од доктор заболен од коронавирусот.
Британскиот премиер Борис Џонсон исто така работи од дома откако откри дека е позитивен на коронавирусот, пренесе Reuters.