Меркел: Шансите за датум не се добри

Скопје, 17 октомври 2019 (МИА) – Шансите за постигнување согласност на Самитот на ЕУ за давање датум за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија не се добри, оцени германската канцеларка во владината изјава дадена денеска во Бундестагот, пренесува Дојче Веле.

– Ние имаме одговорност кон овие држави. Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива, рече Меркел.

Пред почетокот на денешниот лидерски самит на ЕУ во Брисел, канцеларката Меркел во германскиот Парламент даде владина изјава, а на самиот почеток се осврна и на темата проширување на ЕУ со Северна Македонија и Албанија.

Во изјавата додава дека во меѓувреме се изградени мостови кон ЕУ-партнерите, кои сѐ уште имаат задршки кон почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија и инсистираат на поголема транспарентност на процесот на проширување, но сепак, како што вели, шансите за постигнување согласност на ЕУ-самитот не се добри.

– Германија чувствува посебна приврзаност кон земјите од Западен Балкан и сака да ги приклучи кон ЕУ, истакна Меркел, според која приемот на земјите од Балканот е во интерес на Германија и на самата ЕУ.

Посочи дека земјите од ЕУ мора да опстојат на дадените ветувања кон овие земји, зашто тоа ќе значи и обезбедување стабилност и благосостојба на самата ЕУ.

По вчерашната средба во Тулуз со Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Северна Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ. Макрон кажа дека двете земји направиле значителен напредок во домашните реформи, но тоа, засега, не е доволно. За разлика од него, Меркел оцени дека има уште малку простор на самитот на ЕУ, двете земји да се усогласат.

реклама

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе