Меси ќе потпише за ПСЖ, тврди француски новинар

Лионел Меси на почетокот на сезоната побара трансфер од Барселона, но каталонскиот клуб одби да го продаде, па Аргентинецот мораше да остане на Камп Ноу.

Барселона се надеваше дека најдобриот фудбалер на светот ќе се премисли, но се чини дека тој сè уште не се откажува од идејата за промена на клубот.

Даниел Риоло, новинар на RMC Sport, синоќа сензационално објави дека Меси ќе потпише за ПСЖ.

„Меси ќе игра за ПСЖ следната година. Да, многу сум сериозен кога го кажувам тоа. Меси ќе биде играч на ПСЖ", тврди Риоло, кој има околу половина милион следбеници на Twitter.

Информацијата стигна само еден ден откако Нејмар, најголемата ѕвезда на ПСЖ изјави дека следната сезона мора да игра со Меси, со кого четири години делеше соблекувална во Барселона.

„Во моментов најмногу што сакам е да играм со Меси повторно. Сакам да играм со него. Ако тој сака, ќе му ја оставам и мојата позиција. Следната сезона мора да играме заедно, тоа е сигурно".

Со оглед на тоа дека Барса е во голема финансиска криза, јасно е дека Нејмар нема да се врати таму, па единствената опција да игра со Меси е ако Аргентинецот дојде во Париз.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе