Меси најдобар во топ 5 првенствата во Европа за изминатава деценија

Барселона, 28 декември 2019 (МИА) – Лионел Меси е најдобар во топ 5 првенствата во Европа за изминатава деценија во три важни фудбалски компоненти – голови, асистенции и победи, соопшти неговиот клуб.

Помеѓу 2010 и 2019 година, Барселона забележа 289 победи, од кои во 260 учествува Меси. Ова го става на прво место во оваа категорија меѓу играчите на Премиер лигата, Ла Лига, Серија „А“, Бундеслига и Лига 1.

По него следи неговиот тимски колега Серхио Бускетс (260 победи), додека Жерард Пике се наоѓа на петтото место со 219 успеси.

Меѓу нив се Кристијано Роналдо (244), Томас Милер (228) и Карим Бензема (исто така со 219).

За изминатата деценија, Болвата има постигнато 369 голови во шампионатот. Од 34 ривали во Ла Лига во последните 10 сезони, стрелецот нема постигнато само против Херез, а „омилени жртви“ му се Севиља и Валенсија, против кои има 24 и 22 голови, соодветно, во шпанската елита. Најдобрите шест во овој ранг се надополнети со Кристијано Роналдо (335 погодоци), Единсон Кавани (223), Роберт Левандовски (221), Луис Суарез (210) и Серхио Агуеро (198).

„Ла Пулга“ не сака само да постигнува гол, туку и да подава. Ова лесно можете да го видите во табелата на асистенти, на која води со 136. Вицешампион во оваа листа е неговиот сонародник Анхел Ди Марија (108 асистенции), а потоа следуваат Месут Озил (106), Томас Мулер (103), Кристијано Роналдо (95) и Давид Силва (94).

Барселона, исто како и Меси, е прва по голови и победи во најсилните европски првенства. Каталонците имаат 1.060 голови и 289 победи од 2010 година.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more
 

Спорт

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе