Meta ја откажува опцијата за допишување со Facebook пријателите на Instagram

Meta во наредните денови ќе ја укине функцијата која досега им овозможуваше на корисниците да се допишуваат со своите пријатели од социјалната мрежа Facebook на Instagram.

Компанијата ја воведе оваа можност во 2020 година, а сега без да наведе причина ќе ја исклучи интеграцијата меѓу платформите. Оваа одлука би можела да биде потег за избегнување на регулаторните последици во Европската Унија.

Интеграцијата меѓу платформите беше најавена во 2019 година и оживеа во 2020 година, со што се избришаа границите меѓу двете најпопуларни услуги на компанијата Meta. Но, Messenger и Instagram сега повторно се разделуваат, што значи дека нема да може да започнете нов разговор или преку Instagram да им се јавите на вашите пријатели на Facebook.

Оние кои имаат постоечки разговори со Facebook профили на Instagram ќе можат да ги задржат, но само во read-only верзија.

Покрај тоа, корисниците на Facebook повеќе нема да можат да го видат статусот на вашата активност, како и извештајот за прочитана порака.

Конечно, сите постоечки разговори со Facebook профили нема да бидат преместени во сандачето на ниту една платформа.

Тагови
реклама

Интернет

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе