Метеор го осветли небото над Норвешка, експертите го истражуваат

Во саботата навечер голем метеор го осветли небото над Норвешка, а настанот можеше да се види и од Шведска, соопштија локалните медиуми.

Сведоци на настанот ја контактирале полицијата кога виделе силна светлина и слушнале силна бука, пренесоа норвешките медиуми. Некои луѓе ги отвориле прозорците и вратите бидејќи почувствувале промена на притисокот во воздухот.

Новинар на норвешкиот весник Verdes Gang метеорот го опиша како огнена топка во воздух којашто го осветлила небото.

URL

Светлината по еден часот наутро по локално време можеле да ја забележат на југот на Норвешка, но и во Шведска.

Астрономот Вегард Лундби од Норвешката мрежа за следење метеори ( Norsk Meteornettverk) вели дека моментално се трага по остатоци од метеорот на Земјата, а кои би можеле да тежат и по неколку килограми.

URL

Истакнато е дека метеорот паѓал со брзина од 16,3 километри во секунда. Научниците сметаат дека истиот пристигнал од појасот астероиди меѓу Марс и Јупитер. Првичните информации покажуваат дека паднал во шума оддалечена 60 километри од Осло. Би можел да тежи најмалку 10 килограми.

Метеорот е посебен по тоа што луѓето можеле да го видат и слушнат. Вакви падови на метеори на Земјата се ретки, но еден таков повреди најмалку 1.600 луѓе во Русија во 2013 година, пишува BBC.

URL
Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе