Од суицидни мисли до снимање на понижувачки сцени, ѕвездите на Pornhub проговорија за најстрашните моменти низ кои минале во порно индустријата.
И покрај тоа што се пензионирани, многу луѓе низ светот продолжуваат да ги пребаруваат Миа Калифа и Лана Роудс на Pornhub, покажа најновата статистика на оваа платформа за возрасни.
Неделава, Pornhab ја објави статистиката од 2022 година. Најпребарувани порно ѕвезди во Обединетото Кралство се Лана Роудс и Миа Калифа.
Лана мина 8 месеци снимајќи порно филмови, додека Миа тоа го правеше три месеци, пред да стави крај на кариерата. И покрај тоа, милиони луѓе низ светот сè уште ги пребаруваат еротските сцени со жените кои се наведени меѓу седумте најпребарувани на Pornhub во последните 12 месеци.
Лана Роудс денес работи како модна дизајнерка и веќе е мајка, па искрено проговори за нејзината борба со депресијата откако си замина од порно индустријата.
„Сакав да побегнам од ситуацијата што ја имав дома. Се сокрив во плакарот и ги гледав „The Girls Next Door“, фантазирајќи за тоа дека имам 18 години и дека ќе снимам порно филмови. Но, опасноста во секс индустријата е во тоа што младите девојки како мене ги гледаат сите позитивни страни, но не ги гледаат негативните“, изјави Лана во една прилика.
Објаснува дека била манипулирана да снима екстремни сцени за повисока заработка.
„На луѓето не им беше грижа за девојките, важно им е само сцените да им се допаднат на продуцентите и на филмските агенции. Станува збор за мажи на возраст од 40 до 60 години кои работат со децении во порно индустријата. Знаат како да манипулираат и да им го свртат паметот на 18-годишни девојки за да ги наведат сите тие работи“, вели Лана.
Колку и да бега од минатото, Лана вели дека сите ќе ја паметат по тоа.
„Секој месец се соочувам со депресија и суицидни мисли поради минатото во порнографијата“, вели таа.
И спортската водителка и OnlyFans модел Миа Калифа оваа година била најпребарувана порно актерка во Велика Британија. Огромен број луѓе и понатаму уживаат во нејзината содржина снимена во 2015 година, период за кој Миа вели дека ѝ бил најлошиот во животот.
Исто како Лана, и таа има барано помош од терапевт за да се носи со психичките трауми од искуството во порно индустријата. За разлика од Лана, Миа не успеа да профитира од популарноста. Тврди дека заработила само 12.000 долари, а потоа не видела ни паричка. Имала само 21 година во тоа време и во разговор за BBC откри дека кога е излезена во јавност има чувство како луѓето да ја гледаат гола низ облеката. Поради тоа се чувствува многу засрамено.
„Се чувствувам како да сум ги изгубила сите права за приватност, а тоа и навистина е така“, вели Миа.
Откри дека на OnlyFans секој ден заработува околу 10.000 долари.