Мицкоски: Мора да престане теророт врз луѓето

Скопје, 9 октомври 2020 (МИА) – Под слоганот „Протест против реваншизмот и теророт на мафијата“ вечерва ВМРО-ДПМНЕ го одржа деветтиот тематски протест.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски во своето обраќање, ја повика меѓународната заедница да излезе и да ги слушне човечките судбини.

– Имаме силна дисторзија на вредностите во секаков поглед. Тоа мора да престане. Мора да престане теророт врз луѓето. Мора да престане тие да губат работа затоа што се припадници на некоја партија или мислат поразлично од власта, нагласи Мицкоски пред присутните.

Тој порача дека нема да бидеме поблиску до ЕУ, ако луѓето трпат тортура и реваншизам.

– Нема да бидеме поблиску до Европската Унија кога луѓе трпат тортура и реваншизам. Европа таквите перјаници и кукавици кои го прават тоа ги реди на маргините и со лицето свртено и соочено со правдата. Затоа како што кажав, денеска протестираме од министерството за неправда до министерството за тортура, ова овде позади мене. За да кажеме дека народот го победил стравот и дека ќе паднат без оглед колку силно сега се држат заковани, залепени за нивните удобни фотелји, рече Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните да им се придружат и на следните протести што ќе бидат од различен карактер и содржина.

– Да се исправиме пред неправдите, да си ја земеме судбината во наши раце. Затоа што никој не може да ни помогне ако самите не си помогнеме, рече Мицкоски.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе