Мицкоски: Останува нашата поддршка на проектите за модерно Скопје

Во политиката има моменти кога се поминува Рубиконот на толеранција, рече Христијан Мицкоски во врска со разидувањето со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму ќе го поддржува концептот за модерно Скопје кој победи на Локалните избори минатата година, но не и потези што се надвор од тој концепт.

– Мнозинството во Советот е на ВМРО-ДПМНЕ. Ја немаме ние изгубено поддршката и нашата поддршка на проектите за модерно Скопје си останува. Ние не велиме дека тие проекти што се за модерно Скопје нема да ги поддржуваме. Не станува збор тука за добиена или загубена поддршка. И ќе ја потсетуваме градоначалничката кога ќе се прави ребаланс, кога ќе се прави буџет, ќе ја потсетуваме сѐ што е ветено пред скопјани да биде дел од тие документи и ќе гласаме за тоа, изјави Мицкоски во  гостување во Дневникот на ТВ Сител.

Не сака, како што рече, да се меша во кадровска политика на Арсовска која назначи нови директори на јавни претпријатија. – Тоа е избор на Арсовска и јас тука не сакам да се мешам во нејзината кадровска политика. Тоа се нејзини чекори. Претпоставувам таа мисли дали се тие исправни или не се, но до овој момент додека ние разговараме, управните и надзорните одбори мнозинство се ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери, рече Мицкоски.

Опозицискиот лидер негираше инволвираност во сомнителен тендер за пречистителна станица во Скопје, како што обвини  Арсовска, рече дека и според Еврпската инвстициска банка  проектот е воден според сите правила и ги повика органите на прогонот да ги истражат наводите. Жртва е, рече, на црна кампања против него и неговото семејство и дека „некому многу му гори“ штом троши големи суми пари за билборди и летоци во услови на енергетска и финансиска криза.

– Долго време не сакав да зборувам на таа тема затоа што сакам тој проект да се случи, зашто тој проект на скопјани ќе им донесе поквалитетен живот, зашто Скопје нема пречистителна станица… Не гледам каква е мојата инволвираност или „рачињата во медот“ мои или на ВМРО-ДПМНЕ. Банката вели дека сѐ е според правилата и процедурите. Дури и овие луѓе коишто сега ги споменувам, иако не се ВМРО-ДПМНЕ, банката вели досега што направиле, а тоа беше до пред некој ден, дека е сѐ според правилата и процедурата. Затоа јас од ова студио ги повикувам органите на прогон, еден пфенинг таму да е злоупотребен јас сега немаше да седам овде со вас, ќе бев во друга институција. Еден фенинг да имаа доказ дека е таму злоупотребен. Ги повикувам сите органи на прогонот, Обвинителство, ја повикувам Канцеларијата на ЕУ, со една робусна акција да истражат дали има злоупотреби или нема и да излезат во јавноста – ако има злоупотреба да кажат кој злоупотребил. Ако нема, да кажат дека нема, рече Мицкоски.

 На прашањето дали Левица ќе има поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за нивната иницијатива за референдум, одговори дека ќе почекаат таа да дојде во Собранието па ќе се произнесат.

– Добро е што Левица се приклучи кон алатката референдум, изјаснување на граѓаните, но кога ќе дојде формално во Парламентот, тогаш ќе може поконкретно да се произнесеме за текстот и начинот како понатаму, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител Мицкоски рече и дека не добил повратен одговор од Владата на неговата понуда на контакти за набавка на енергенси и производство на двојно поевтина струја за стопанството, за што денеска информираше пред медиумите.

– Тоа се луѓе со кои сме соработувале, кои нешто значат во Европа, а не се контактирани. Ако има интерес можам да помогнам зашто интересот на граѓните и стопанството е над сѐ, рече Мицкоски.

Remote video URL
реклама

Волстрит се тресе, инвеститорите стравуваат

Read more

Дали секое Светско досега било наместено?

Read more

Необичен знак за недостаток на витамин Б12

Read more

Кои зачини помагаат за побрзо варење и здрави црева?

Read more

Македонија

Охрид не смее да биде синоним за скапо сместување, студени соби и бајат појадок

Read more

Продолжуваат протестите на приватните автобуски превозници

Read more

Се празнува 8 Декември – Св. Климент Охридски

Read more

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец

Read more
 

Вести

Бразил ризикува да ја загуби контролата над Амазон во корист на шверцерите со дрога

Читај повеќе

Канада ќе ги заостри правилата за странски инвестиции

Читај повеќе

Шолц: Правиме сè што можеме за да спречиме директна војна меѓу Русија и НАТО

Читај повеќе
  • play_arrow

Укинувањето на моралната полиција: Вистинска промена или ПР потег на режимот против Иранките?

Читај повеќе

Која е Дина Болуарте – првата жена претседател на Перу?

Читај повеќе

Европа зимава ќе има греење, но што ќе биде потоа?

Читај повеќе

Волстрит се тресе, инвеститорите стравуваат

Читај повеќе

Охрид не смее да биде синоним за скапо сместување, студени соби и бајат појадок

Читај повеќе

Продолжуваат протестите на приватните автобуски превозници

Читај повеќе