Мицкоски: Освен морална, мора да има и кривична и политичка одговорност

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот тв дуел на Канал 5 со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев рече дека за трагедијата во Тетово, освен морална, ќе мора да има и кривична и политичка одговорност.

Тој обвини дека Заев, како лидер на СДСМ и премиер, и министерот Филипче одамна го поминале италијанското сценарио. Модуларната болница била пуштена во употреба без соодветен документ, поради што 14 лица ги загубија животите.

Ако некој во Владата и малку има грижа на совест, истакна Мицкоски, тогаш не само што нема да размислува, туку веднаш ќе ги прифати оставките и тоа е првата работа што треба да ја направи.

Не е банална работа оставката, таму згаснаа 14 животи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сега сме до авганистанското сценарио и не само што треба да ги прифатите оставките на Филипче и неговиот заменик, туку да размислите и за ваша оставка, му рече Мицкоски на Заев.

Според него, загубени се 14 човечки животи поради неспособноста на надлежните и слабостите на системот поради нивното лошо менаџирање.

-Ако разговарате со роднините на луѓето кои ги загубија најблиските, ќе го видите сиот нивен гнев и револт, но и болката за загубата. Имате директна вина за овој објект како и за сите останати, најпрво да бидат приклучени на електрично напојување за коишто постојат индиции дека е тоа кое го предизвикало пожарот, а потоа има директна вина затоа што дозволиле роднини, што треба да покаже истрагата дека нема одобрение за градба и дека е пуштен во употреба без соодветни документи, што треба германските истражители кои еден ден беа тука да утврдат. Дали еднаш во вашата политичка кариера ќе признаете вина за нешто, напомена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој побара од Заев да одговори дали има правилник за модуларните во Министерството за здравство, кој е проектант на овие контејнери, дали се сите модуларни болници вака поставени и како бил обезбеден приклучок за електрична енергија.

На констатацијата на Заев дека „тропа“, Мицкоски одговори дека, напротив, ја кажува само вистината. 

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Македонија

Истрагата за пожарот во Кочани е при крај, обвинение следниот месец

Read more

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Филипче: Секое новороденче во следните 25 години ќе должи 6.000 евра

Read more

Лековите за ретки болести не биле евидентирани во сметководствената евиденција

Read more
 

Вести

Падна таван во гимназија во Србија

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се урна врз куќи: Цела населба е евакуирана во Сан Диего

Читај повеќе

Путин: Руските сили го решаваат прашањето за создавање на безбедносна тампон зона на границата со Украина

Читај повеќе

Кинотеката петти пат дел од европскиот проект Сезона на филмските класици

Читај повеќе

Голем чекор за законот за животна средина: Уништувањето на животната средина може да биде и кривично дело

Читај повеќе

Лавров: Нема да се согласиме на безусловно примирје со Украина

Читај повеќе

Истрагата за пожарот во Кочани е при крај, обвинение следниот месец

Читај повеќе

Закерберг го престигна Безос, сега е втор најбогат човек во светот

Читај повеќе

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Читај повеќе