Мицкоски: Предвремени избори заедно со претседателските

Скопје, 2 јуни 2018 (МИА) - Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашниот митинг пред Владата на Република Македонија побара одржување предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.

Тој побара еднаков терен за сите политички партии, претседател на ДИК на предлог на опозицијата, формирање техничка Влада на 100 дена пред предвремените парламентарни избори, исто како што беше во 2016-тата кога, како што кажа СДСМ и нејзиниот претседател Зоран Заев ги изгубија изборите.

- Да видиме дали народот се согласува со ова што го прави Зоран Заев и СДСМ, рече Мицкоски.

За спорот за името со Грција, Мицковски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот заради промена на уставното име. Обвини дека разговорите за името се воделе тајно и нетранспарентно, а информациите за нивниот тек најчесто доаѓаат од грчките медиуми.

Побара промена на политичкото однесување кое, според него, е драстично опаднато и се наметнати лажни стандарди и вредности.

- НАТО и ЕУ се вечен стремеж на нас и нашата генерација, одлична можност за државата и граѓаните, но промените во државата мора да почнат од нас самите. Мора да веруваме во себе и да веруваме во сопствените квалитети, рече Мицкоски.

Лидерот на опозициската партија рече дека на Македонија и треба и реформиран, одговорен и квалитетен СДСМ каде, како што кажа, има многу луѓе кои не се согласуваат со ова што се случува, каде има квалитетни луѓе кои можат да придонесат за доброто на Македонија.

- Но за да дојде и тоа, прво мора да се порази Зоран Заев, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваше работата на Владата предводена од премиерот Заев во изминатата година посочувајќи дека очекувањата на граѓаните биле изневерени и дека нивното достоинство било урнато.

- Година пропуштена во нашите животи, година на неработа, создавање на поделби и хаос. Година на политички терор, апсења, упади, тортура. Година на економски неуспеси, на создавање трулеж во општеството, рече Мицкоски.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе