Мицкоски за Онкологија: Има омилена веледрогерија која снабдува милионски суми на лекови, а од друга страна има катастрофални услови каде се аплицираат истите

Случајот Онкологија е монструозен скандал во кој e беспредметно да се дава коментар, но мораме да го повторуваме, бидејќи Македонија денеска за жал се соочува со луѓе кои печалеле од маките на граѓаните, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ за време на денешната посета на Прилеп која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Мицкоски посочи дека партијата има обемна документација и од последните години, а не како што зборуваше власта дека тоа било случај до 2021 година.

„Од досегашните анализи извлековме неколку заклучоци. Првиот се темели на Извештај од вонредниот надзор на набавките на УКРО и МЗ или на документи за периодот 01.08.2021 до 01.08.2023, како и за парцијалниот надзор декември 2022 - март 2023 година и констатирани се неправилности кои се дополнително и засилени. Затоа бараме да се прошири истрагата и работата и за тој период“, кажа Мицкоски.

Како второ, Мицкоски посочи дека е констатирано дека и покрај огромни милионски залихи на лекови тоа не ги спречувало надлежните и од МЗ и од УКРО да распишуваат тендери иако имало залихи. И како трет заклучок тој посочи дека има дилема како се дава дозвола на пациенти терапијата да биде аплицирани во други здравствени установи бидејќи транспортот е специфичен.

„Потоа спорно е и треба одговор дали некој добива повратна информација дали терапијата е аплицирана, дали тие вијали се целосно потрошени или делумно и што се прави со останатото итн.

Имате омилена веледрогерија која снабдува милионски суми на лекови, а  од друга страна има катастрофални услови каде се аплицира истата. Некако работите се изместени, тоа мора се среди“, посочи Мицкоски.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more
 

Вести

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе