Мицотакис: Договорот од Преспа на соседите им отстапува македонски јазик и македонски идентитет

Атина, 1 септември 2018 (МИА) - Ставовите дека Договорот од Преспа „на соседите им отстапува македонски јазик и македонски идентитет“, но и дека Нова демократија нема да го ратификува ниту во овој ниту во следниот парламент уште еднаш ги повтори лидерот на најголемата грчка опозициска партија Кирјакос Мицотакис, говорејќи на настан организиран од подмладокот на Нова демократија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис рече дека до договорот се стигнало во тајност, „во отсуство на народот, во отсуство на парламентот, во отсуство на опозициските партии“ и веќе носи негативни резултати за Грција. 

- Договор кој искривувајќи ја 27-годишната националната линија на нашите соседи им отстапува македонски јазик и македонски идентитет. Тоа е договор кој секако Нова демократија нема шанси да го ратификува ниту во овој ниту во следниот парламент. Постапките на владата се национално опасни. Веќе веднаш произведоа негативни резултати, рече Мицотакис. 

Лидерот на Нова демократија, индиректно ја обвини грчката влада дека не реагира и не одговара на изјавите кои доаѓаат од македонскиот државен врв. 

- Господинот Заев, самиот, е првиот кој го демантира господинот Коѕијас, а господинот Димитров вели, нас ни вели, „Македонец сум и говорам македонски јазик“. Некои во владата го слушаат тоа без да одговорат, виновно или едноставно рамнодушно ја наведнуваат главата. Нивната неодговорност нема да се заборави. Грците не сакаат и не треба никогаш да бидат, да бидеме, слепи националисти, но знаат дека треба да бидат чесни патриоти, рече Мицотакис, пренесе МИА.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе