Microsoft и Sony се договорија: Call of Duty уште 10 години на PlayStation конзолите

По неколку месеци расправија, Sony се согласи на 10-годишен договор.

Sony ја прифати понудата од Microsoft, во која производителот на Xbox конзоли се обврза да објави нови Call of Duty игри за PlayStation во следните 10 години. Овој договор го означува крајот на повеќемесечниот спор што започна кога Microsoft одлучи да го купи Activision Blizzard во рекордна аквизиција.

„Задоволство ни е да објавиме дека Microsoft и PlayStation потпишаа обврзувачки договор за задржување на Call of Duty на конзолите на PlayStation по купувањето на Activision Blizzard. Се радуваме на иднината каде играчите на глобално ниво ќе имаат повеќе избор да ги играат своите омилени игри“, вели Фил Спенсер, првиот човек на Xbox.

Иако првичната понуда на Microsoft до Sony беше да ги задржи сите постоечки наслови на конзолите Activision на конкурентската платформа, вклучувајќи ја и франшизата Call of Duty до крајот на 2027 година, договорот се промени. Сега, договорот меѓу двете компании вклучува само Call of Duty, но со продолжување на 10 години.

Поради пречките кои му ги даваат регулаторите ширум светот, Microsoft беше на позиција од самиот почеток дека Call of Duty ќе остане на другите конзоли, наведувајќи дека, финансиски гледано, нема смисла да се отстрани франшизата од конзолите на Sony.

Откако ја победи Федералната трговска комисија (FTC) на суд, единствената пречка со која сега се соочува Microsoft се регулаторите во ОК. Сепак, најголемиот проблем што гигантот од Редмонд го има со британските регулатори не е Call of Duty, туку cloud gaming, па овој договор постигнат со компанијата Sony нема многу да им помогне.

Тагови
реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Гејминг

Gran Turismo 7 добива една од најголемите надградби досега

Read more

Backbone го претстави Pro Xbox Edition контролерот со Bluetooth и ажуриран дизајн

Read more

PlayStation 5 ги надмина во продажба сите Xbox конзоли

Read more

GTA 6 повторно одложена, објавен нов датум на објавување

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Првпат снимена супернова како пробива низ ѕвезда

Читај повеќе

Windows 11 ги израдува сите кои користат менаџери за лозинки

Читај повеќе

OpenAI тестира групен разговор за ChatGPT

Читај повеќе

Mozilla додава AI Window во Firefox за разговор со AI асистент

Читај повеќе
  • play_arrow

Gran Turismo 7 добива една од најголемите надградби досега

Читај повеќе

Колку сме блиску до глобален квантен интернет?

Читај повеќе

Backbone го претстави Pro Xbox Edition контролерот со Bluetooth и ажуриран дизајн

Читај повеќе

ДНК потврди: Едно семејство во истото германско село живее 3 илјади години

Читај повеќе

WhatsApp наскоро ќе овозможи допишување со корисници на други апликации

Читај повеќе