
Microsoft планира да отпушти 11.000 вработени, а некои од работните позиции во човечки ресури и инженерство ќе бидат целосно укинати.
Отпуштањата во Microsoft доаѓаат по сличните најави во технолошките гиганти како Amazon и Meta, кои најавија отпуштања поради намалувањето на побарувачката и влошувањето на економската ситуација, како и намалување на пазарот на персонални компјутери.
Потегот на Microsoft покажува дека овој тренд би можел да продолжи со отпуштања во технолошкиот сектор.
Британскиот Sky News повикувајќи се на свои извори наведува дека Microsoft ќе отпушти околу 5% од својата работна сила или околу 11.000 вработени. Компанијата има 221.000 вработени, од кои 122.000 во САД и 99.000 во остатокот од светот.