Мијалков на суд за проневера на пари за набавка на опрема за тајната полиција

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков денеска седнува на обвинителна клупа за случајот на специјалното јавно обвинителство „Трезор“. Мијалков е обвинет за проневера на државни пари за набавка на софтвер од странство за потребите на Петтата управа.

Во обвинението, заедно со него, опфатени се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР,  бегалецот Горан Грујевски, ексшефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ. Предметот ќе го суди судијката Џанета Бегтовиќ.

Според обвинението на СЈО, Мијалков, Јакимовски и Грујовски, во 2010 година отпатувале во Лондон и договориле набавка на опрема за пресретнување на комуникациите и обука за користење на опремата за потребите на Петтата управа. Но, наместо набавката да оди директно преку Министерството, обвинетите ја вклучиле и компанијата „Финзи“ како застапник на МВР.

Откако „Финзи“, ја презела набавката, во договор со УБК и МВР, увозот на опремата го фактурирала по двојно поскапа цена. Набавката е направена во 2010 година, а „Финзи“ е формирана кон крајот на 2009 година. „Финзи“, во тоа време немала ниту еден вработен, а немала ниту пари за да ја набави опремата, но станала партнер на МВР како посредник во зделката. „Финзи“ е компанија во сопственост на фирма од САД, која пак, ја поседува фирма во Кипар. Прв директор на оваа фирма беше Владислав Стајковиќ, братот на Небојша Стајковиќ. Последен директор беше Коста Крпач, сведокот на СЈО кој под сонителни околности се самоуби.

Мијалков во 2016 година во интервју за „Прес24“ изјави дека изречените наводи на прес конференцијата на СЈО за „Трезор“ се измислени и неточни.

„Ниту сум направил некаква штета на буџетот, ниту сум остварил каква било материјална корист. Сите политички инсинуации на СЈО ќе се докажат во соодветна постапка“, изјави тогаш Мијалков.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе