Минималната плата во Македонија меѓу најниските во регионот

Минималната плата во земјава е меѓу најниските во регионот.

Фото: Кајгана
Фото: КАЈГАНА

Македонскиот работник зема минимална плата од околу 250 евра, а пониска од него зема единствено работникот во Албанија каде минималецот изнесува 236 евра.

Сите останати држави во регионот земаат поголема минимална плата. Највисок е минималецот во Словенија каде изнесува 749 евра, по што следува Хрватска со 569 евра. Во Црна Гора, по усвојувањето на измените на Законот за работа, од јануари минималната заработувачка изнесува околу 450 евра. Во Србија се исплаќа минимална плата од околу 300 евра, а во Бугарија околу 280 евра.

Во 20-те топ држави во светот кои имаат најголема минимална заработувачка се Австралија, Луксембург, Нов Зеланд, Ирска, Франција, Велика Британија, Норвешка, Белгија, Германија…

Во Македонија во тек се преговори меѓу социјалните партнери за зголемување на минималната плата. Синдикатите бараат минималецот веднаш да се зголеми на 18.000 денари, со оглед на зголемените трошоци на живот и енергетската криза. Работодавачите се на став дека минималната плата би требало да изнесува над 16.300 денари, а дел од нив излегоа и со предлог да се субвенционира зголемување на минималната плата. Минатата недела се одржаа два состанока на Економско-социјалниот совет, а за денеска, според најавите, се очекува уште еден состанок.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе