Министерот за здравство на Италија го обвини Роналдо за прекршување на протоколот

Кристијано Роналдо откако излезе позитивен на COVID-19 веднаш од Португалија се врати во Италија, што за италијанскиот Министер за здравство е прекршување на нивниот протокол за позитивните луѓе.

Португалската ѕвезда беше во татковината подготвувајќи се за пресметката со Шведска во рамките на Лигата на нации кога доби позитивен резултат од тестирањето, па отпадна од составот и беше ставен во самоизолација. Со чартер лет се врати во Торино за таму да ја преседи изолацијата, но токму со враќањето ги прекршил италијанските закони.

„Роналдо го прекрши протоколот со тоа што отиде во Португалија и се врати. Да, токму така, бидејќи нема добиено никаква посебна дозвола од здравствените власти“, рече министерот Винченцо Спадафора говорејќи за Rai Radio Uno во емисијата „Il Mix delle cinque“ на Џани Миноли.

Бидејќи бил позитивен во друга земја, според протоколот на Италија требало да остане во Португалија дури не добие два последователни негативни теста, освен ако не добие посебна дозвола за влез во Италија, нешто што Роналдо не го ни побарал.

Веројатно сега Роналдо го чека и казна за прекршување на државниот протокол, што секако, за него паричната казна и нема да му биде проблем.

реклама

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе