Министерството за култура: ЗАМП не е над законите

„Решението за запирање од извршување на одлуката за забрана за емитување на музика е донесено во јасна и дефинирана постапка и истото решение е целосно законски основано. Правната неоснованост на овој акт, може да ја цени само надлежниот суд, а не ЗАМП“, се вели во реакцијата на Министерството за култура.

„Постапувањето, односно непостапувањето на ЗАМП по донесен акт од надлежен државен орган, односно од Министерството за култура е негов избор и негова законска одговорност. Министерството за култура како и досега така и во иднина согласно своите надлежности ќе работи во интерес на македонските автори, а и ЗАМП е должен и има законска обврска да го стори истото“, се вели во реакцијата.

Според Министерството за култура, денешните наводи кои ЗАПМ ги изнел во јавноста се груби лаги, невистини и паушалности проследени со целосно непознавање на законските прописи од областа на авторското право.

„Спротивно на тврдењата на ЗАМП во кои беше посочено дека Министерството за култура, Решението за запирање од извршување на одлуката за забрана за емитување на музика не го доставило до надлежниот суд, потврдуваме дека истиот ден на доставување на решението до ЗАМП, паралелно поведена е и постапка пред надлежниот суд за оценка на законитоста на актот. Република Македонија е правна држава и во таа смисла никој не е над законите, ниту било која институција, ниту поединец, ниту ЗАПМ“, стои во реакцијата.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе