Миовски официјално претставен во МТК

Младиот напаѓач во вистински момент ја напушта домашната лига и фудбалската авантура ја продолжува во Унгарија.

Фото: ФК Ренова Џепчиште

Бојан Миовски од денеска и официјално е дел од унгарскиот прволигаш МТК. Она што се најави изминатиов период сега се официјализира откако клубот официјално го потврди трансферот.

Младиот 20-годишен фудбалер кој најчесто игра како напаѓач, но често пати знае да одигра како лево крило или пак како лажна деветка, кариерата ја почна во Брегалница во родниот Штип. На 18 години дојде во Работнички, кратко беше во азербејџански Карабаг, а потоа и во Македонија ЃП. Од јануари 2019 настапува за Ренова за која во прекинатава сезона на 18 натпревари постигна 2 гола и 6 пати асистираше. Воедно и е член на У19 репрезентацијата на Македонија за која има 6 натпревари и 2 гола.

МТК на својата клупска веб-страница се пофали дека донеле играч кој може да игра на неколку позиции и чија брзина достигнува 35,6 километри на час.

„Поседува добра физичка подготвеност, брз е, технички добро е поткован. Комплексен играч кој може да играч како напаѓач, како крило и дури и зад напаѓачите. Гледаме одлична шанса за развој на Бојан“, вели Балаж Појак, спортски директор на клубот.

Remote video URL

МТК е клуб од Будимпешта со богата и долга историја која датура уште од 1888 година, односно пред 131 година. Дури 23 пати бил шампион на Унгарија, 12 пати го освоил Купот, а двапати Суперкупот. Има и два троуфма во стариот Митропа Куп за клубови од Централна Европа, а во 1964 загубил во финалето на Купот на победниците на куповите на УЕФА.

Минатава сезона настапуваше во втората лига која поради коронавирусот нема да продолжи. МТК како првопласиран (12 бода пред третиот Вашаш) заедно со вториот Будафоки изборија пласман во најдобрата унгарска лига која последен пат ја освои во 2008.

Фото: ФК Ренова Џепчиште
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе