Секој од вас во дадено време сметал дека сината кошула во понеделник му носи среќа во работата, или среќното пенкало му носи многу пари па, така, кога ќе ве спопаднат малери може да ви текне да си купите нешто да ви ја врати среќата.
Некои одат на бајачка, некои бараат детелина со четири листа, а некои сурфаат на интернет и нарачуваат индиски тантрички корен.
Тим инспектори од Велика Британија и Индија открил дека наместо овој тантрички корен на интернет се продавале сушени гениталии од гуштери бидејќи нивната форма многу наликувала на коренот.
Инспекторите изјавиле дека овие гениталии нелегално се продаваат и за ова да се постигне гуштетите се столчуваат и измачуваат пред да ги убијат и им ги извадат гениталиите.