ММА легендата Хант жестоко против Дејна Вајт: Ти си безвредна џукела

Легендарниот ММА борач Марк Хант жестоко го нападна првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт, поради одлуката промоција на боречките вештини чиј претседател и директор е Вајт да ја прекине соработката со Американската антидопинг агенција (USADA).

Од следната година за допинг-тестирањето во УФЦ ќе биде задолежна Drug Free Sport International (DFSI).

Хант, легендата која се бореше за титулите во тешка категорија во PRIDE и УФЦ, долго време се кара со Вајт. Нивниот конфликт трае од 2016 година и борбата што Хант ја имаше со Брок Леснар. Хант го загуби тој натпревар, а потоа се покажа дека Леснар е допингуван, па Хант ги тужеше Вајт, Леснар и промоцијата и во тужбата изјави дека УФЦ знаела дека Леснар користи допинг и ја обвини промоцијата за рекетирање, измама и кршење на договор.

Сега, откако ја објави веста за прекин на соработката меѓу УФЦ и USADA, се огласи преку Instagram, ги означи УФЦ и Вајт, им порача да се засрамат и напиша: „Ви давам една година пред да пропаднете. Не можеш да ограбуваш борачите и нивните семејства. Егзодусот од вас криминалците веќе започна“.

Навредите не застанаа тука - Хант го нарече Вајт „ѓубре“ и „безвредна џукела“.

Тагови
реклама

Останати спортови

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе