МНР: Нема настрадани македонски државјани во Истанбул

Досега нема информации за повредени македонски државјани во терористичкиот напад што се случи синоќа, на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот, информираат од македонското Министерството за надворешни работи.

Од Министерството велат дека се во постојана комуникација со македонската амбасада во Анкара и со конзулатот во Истанбул, а редовна комуникација имаат и со турските власти.

Авионот што синоќа полета од Скопје за Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ со одредено задоцнување слетал на аеродромот „Ататурк“ половина час пред полноќ. Денешниот претпладневен лет од Скопје за Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ е предвидено да се реализира со доцнење од околу час и половина, додека вечерниот лет е откажан.

Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ги прекина времено летовите, откако напаѓачи-самоубијци од Исламска држава убија 36 лица на аеродромот во Истанбул доцна синоќа.

Националниот авиопревозник соопшти дека сите резервации за летовите од и до аеродромот „Ататурк“ во Истанбул меѓу 28-ми јуни и 5-ти јули 2016 година ќе бидат презакажани или патниците можат да си ги побараат парите за билетите.

Најмалку 36 луѓе загинаа и 147 се повредени во троен самоубиствен напад на истанбулскиот аеродром Ататурк. Турскиот премиер Бинали Јилдирим нагласи дека првите знаци укажуваат дека станува збор за напад извршен од ткн. Исламска држава.

Напаѓачите почнале синоќа околу 22 часот да пукаат на влезот од меѓународниот терминал на аеродромот во Истанбул и подоцна се разнеле со експлозив што го носеле на себе, соопштија турските власти.

Аеродромот „Ататурк“ во Истанбул годишно го користат повеќе од 60 милиони патници.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Регион

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more
 

Вести

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе