Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Ф.З.
/ 07.05.2024 / 14:33

Во светот на тренди решенијата за слабеење може лесно да се падне во стапицата на најновите верзии за диета, но понекогаш најдоброто нешто што треба да направите е да се вратите на класичните, испробани и вистински еликсири - како зелениот чај.

Зелениот чај, кој како лек се користи уште од древно време, носи низа придобивки за целото тело, а се покажал и корисен кога станува збор за слабеењето.

Докторот Вилијам Ли, признат автор на „Eat To Beat Disease“ (Јади за да ја победиш болеста), неодамна фрли светлина врз неверојатните придобивки од зелениот чај за зајакнување на метаболизмот во видеото на TikTok. Според него, овој вкусен антиинфламаторен чај би можел да ви помогне да ги ослободите маснотиите и да го одржите метаболизмот дури и во средните години.

Д-р Ли започнува со истакнување на тајното оружје на зелениот чај: катехините. Тој објаснува: „Зелениот чај има полифеноли наречени катехини. Тие помагаат да ги 'запалиме' нашите кафени масти за да ги согориме штетните бели масти“. Кафената маст е тип на маснотии што ја разградува гликозата, додека белите масти складираат дополнителна енергија, премногу од оваа бела маст е она што може да доведе до дебелина.

За да ги добиете целосните придобивки од зелениот чај, д-р Ли препорачува дневна доза од 3 шолји. Тој советува: „Препорачувам околу 3 шолји зелен чај дневно. Така добрите работи почнуваат да се случуваат во вашето тело“.

И иако тоа може да звучи како многу, тој нè потсетува дека чајот секогаш може повторно да се употреби: „Листот чај или кесичката чај всушност може да се користи повторно и повторно. Не мора да го фрламе и да земаме сосема нова шолја“.

Ова значи дека можете да продолжите да додавате топла вода во кесичката чај и да си пиете цел ден.

@drwilliamli Drinking 3 cups of green tea each day can improve your metabolism! Here’s how: 🍵 Catechins in green tea activate our body to start burning down harmful body fat. 👉 When our body starts burning down fat, our metabolism improves. 💡 (You may have been told your metabolism controls your fat, but it’s the other way around!) Tip ⭐️ Add some loose leaf green tea to a pot of hot water to steep and drink cups of it all day long. I’m here to help you love your food to love your health! In my brand new FAQ Masterclass TOMORROW at 11 a.m. ET, I’ll be answering some of your most frequently asked health questions! Sign up now at the link in my bio. #eathealthy #drwilliamli #eattobeatdisease #foodasmedicine #plantbased #guthealth #longevity ♬ original sound - Dr. William Li
реклама

Откриен потонат брод стар 3.300 години, со стотици недопрени амфори

Read more

Грција во сè поголеми проблеми поради масовниот туризам

Read more

Се појави нов сој на коронавирусот

Read more

Македонка загина во тешка сообраќајка во Грција

Read more

Фит

Како со диетата 80/20 може да слабеете додека ја јадете вашата омилена храна?

Read more

5 причини зошто треба да почнете да вежбате со јаже

Read more

Суплементи што помагаат во топење на салото на стомакот

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more
 

Магазин

Кои хороскопски знаци живеат по мотото „Целта ги оправдува средствата“?

Читај повеќе

Суперхрана која може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто е важно да јадете зелен лиснат зеленчук во лето?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Летна салата со печена пченка

Читај повеќе

Седум навики на родителите кои воспитуваат среќни деца

Читај повеќе

Како помалку да се потите на високи температури?

Читај повеќе

6 симптоми дека имате дефицит на витамин Д во вашето тело

Читај повеќе

Хороскопски знаци на кои ќе им се смени среќата со парите во јули

Читај повеќе
  • play_arrow

Вреди да вклучите рерна: Најдобриот рецепт за крцкави печени компири

Читај повеќе