Model 3 одлучува за судбината на Tesla: Продажбата расте, проблемите се трупаат

Model 3 на Tesla влезе во автомобилската историја со 450.000 нарачки уште пред да биде премиерно претставен. Но, почетниот ентузијазам и одушевување  се чини спласнуваат.

Листата за нарачки за Model 3 беше отворена на 31 март, 2016 година. Луѓе чекаа редици небаре се делат автомобили бесплатно, знаејќи дека ќе чекаат со месеци да им биде испорачан електричниот автомобил. Имаше 400.000 нарачки до крајот на април истата година и сите уплатија депозит од 1.000 долари.

До првите испораки неколку месеци по резервацијата се откажаа околу 12% од нарачателите, односно 63.000. Сепак, со новите заинтересирани, бројката на луѓе кои ја чекаат својата електрична Tesla се искачи на неверојатни 455.000.

Годинава нештата малку се сменија. Second Measure објави дека моментално повеќе луѓе се откажуваат отколку што се пријавуваат. Редиците исчезнаа, а делот на откажани порасна на 23%. Од компанијата велат дека овие бројки не е се точни, но одбија да кажат кои се точните бројки.

Се претпоставува дека поводот за толку многу откажувања е одложувањето на лансирањето на основната изведба што би чинела околу 35.000 долари. Неизвесна стана и субвенцијата од 7.500 долари, а бројот на достапни ривали постојано расте.

Производството на Model 3 моментално се одвива со 260.000 примероци годишно.

Колку чини производството на електричниот Model 3? На ова прашање одговори германски WirtschaftsWoche. Според нивната пресметка, производството на автомобилот не чини повеќе од 28.000 долари, од кои 18.000 долари се за материјал, а останатите 10.000 долари се трошоци за изработка.

Планот на компанијата на Елон Маск е јасен: до крајот на месецот треба да стигне до производство од 5.000 примероци месечно, од сегашните 3.500.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе