Модриќ направи клучен потег за да остане во Реал

Лука Модриќ наскоро би требало да потпише продолжување на договорот со Реал и да остане во клубот уште една сезона.

Истото важи и за Тони Крос, германскиот играч за врска и негов долгогодишен партнер во средниот ред. The Athletic наведува момент што го опишува како пресвртница во одлуката на клубот да го задржи 37-годишниот Хрват.

„Преговорите со Модриќ не се во толку напредна фаза, но неколку извори за The Athletic изјавија дека тој, како и Тони Крос, се очекува да потпише продолжување на договорот што ќе го задржи во клубот и по оваа сезона“, истакнуваат од The Athletic во дел од текстот што се однесува на капитенот на хрватската репрезентација.

Потоа, повикувајќи се на извор од клубот, открива во кој момент одлуката за продолжување на договорот или заминување натежнала на страната на Модриќ.

„Изворот од клубот истакна важен момент во процесот: средбата меѓу Хрватот и претседателот на Мадрид Флорентино Перес, која се одржа пред реваншот од полуфиналето на Купот на Кралот против Барселона на 5 април“.

„Средбата се одржа на барање на играчот. Извори од Мадрид за The Athletic изјавија дека Модриќ лично сакал да му каже на Перес дека сака да остане и дека тоа секогаш му било приоритет. Тој веќе јавно проговорил за ова“, продолжува текстот.

„Перес, кој има одлични односи со Модриќ, го ценеше фактот дека Модриќ сакаше средба и реагираше позитивно, особено што некои медиуми го поврзуваа играчот со профитабилна понуда од Саудиска Арабија. Според извори запознаени со ситуацијата, Модриќ има и богата понуда од Катар“.

The Athletic пренесува дека Перез потоа му се заблагодарил на Модриќ и му рекол дека клубот сака да го задржи. Оттогаш, настапите на Модриќ на теренот само дополнително ја подобрија неговата позиција“, се заклучува во текстот.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе