Модриќ во јануари заминува од Реал во друг европски гигант?

Манчестер Јунајтед размислува за доведување на Лука Модриќ, тврди шпанскиот новинар Едуардо Инда.

Јунајтед оваа сезона игра очајно, во Премиер лигата е на 10. место со 12 бода од осум натпревари, а во Лигата на шампионите загуби од Баерн и Галатасарај.

„Модриќ сè уште не знае каде ќе ја заврши сезоната. Има клубови кои се распрашуваат за него, а еден од нив е Манчестер Јунајтед. Единствениот проблем е што Јунајтед е последен во својата група во Лигата на шампионите и најверојатно нема да биде во тоа натпреварување по Божиќ“, рече Инда, уредник на Okdiario.

„Модриќ сака да игра и се жали дека нема натпреварувачки ритам. Јунајтед знае дека Модриќ не е среќен во Реал и прашува како да го доведе во јануари“, додаде Инда.

Капитенот на хрватската репрезентација пред оваа сезона го продолжи договорот со Реал за уште една година, но е разочаран од статусот кај Карло Анчелоти откако повеќето од натпреварите ги започна на клупата за резерви.

„Модриќ ќе почека два месеци за да види дали ќе му се смени статусот. Дури потоа ќе одлучи што ќе прави со кариерата“, изјави Инда за 38-годишниот играч за врска кој е во мадридскиот клуб од 2012 година.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе