МОН и Средношколски сојуз остануваат на своите ставови за државната матура

Средношколски сојуз не отстапува од барањето државната матура да има испити по два предмета (мајчин јазик и предмет од областа која матурантот планира да ја студира), ниту Министерството за образование и наука од ставот дека нов концепт за матурата е можен за идната учебна година.

Министерката Мила Царовска е категорична дека оваа генерација матуранти ќе полагаат според актуелниот концепт – испити по четири предмети односно три екстерни, за кои е надлежен Државниот испитен центар (ДИЦ) и еден интерен предмет кој се полага во училиштето заедно со проектната задача.

Сојузот го упати барањето во ноември, кога претставници со нивниот лидер Бленди Ходаи имаа средби во МОН, од каде што им беше укажано дека матурата ќе биде по скратени програми и со помалку содржини од материјалот што го учеле откако почна пандемијата. Но второто барање – да се намали бројот на предмети од четири на два, Министерството не го прифати со образложение дека концептот не може да се менува во од. Се согласува да има измени, но да се подготват и да важат од учебната 2021/2022. Ги покани и претставниците на Сојузот да учествуват во работната група што ќе го креира новиот концепт за наредната година.

Сојузот не се откажа од своето барање и го актуелизираше со бојкот на наставата во четвртокот, на првиот ден од второто полугодие и, наспроти МОН и министерката Царовска, не смета дека бојкотот е неоправдан.

– Сојузот на средношколци не се залага за откажување на матурата, не ги поддржа средношколците кои тоа го бараа и инсистираше дека државна матура мора да има. Поради тоа, јасно е дека бојкотот на наставата не е за откажување на матурата, тука за нејзино изменување за оваа учебна година. Затоа Сојузот не се согласува дека „бојкотот е неоправдан“, реагираше Сојузот.

Министерката во четвртокот кажа дека освен во една гимназија во Скопје, каде што има поорганизирано дејствување, во други средни училишта бојкотираат, како што рече, мали и изолирани групи. Над 14 илјади матуранти веќе ги пријавиле испитите што ќе ги полагаат на матурата, и затоа МОН, рече Царовска, кон нив има обврска да го организира завршнот испит. Напомена и дека државната матура е избор и оти за тие што не сакаат да ја полагаат, има и училишна матура.

– Државната матура е изборна, а Министерството за образование и наука има законска обврска да го обезбеди правото на полагање на матурата, особено на оние ученици коишто сакаат да го продолжат своето образование во високообразовни установи во нашата држава и во странство, изјави Царовска вчера, соопштувајќи дека тоа го заклучиле на состанок со сите директори на средните училишта. Рече и дека нема бојкот на 70 проценти, како што тврди Сојузот, туку само на дел од учениците.

Сојузот на средношколци, пак, информираше дека бојкотот на наставата го почнале со 78 отсто од матурантите, а следниот ден, во петокот, процентот паднал на 71. Според нив, тоа се должи на притисоци, што е спротивно, како што наведоа во реакција, на Конвенцијата за човекови права и Уставот на РСМ и е кршење на средношколските права.

По вчерашната изјава на ресорната министерка, Сојузот се согласи дека државната матура е право на избор, но дека тоа што над 14 илјади матуранти веќе се пријавиле во декември е затоа што тогаш не биле сигурни дали воопшто ќе се одржи матурата.

-Имаше матуранти кои бараа нејзино откажување и затоа сите матуранти ги пријавија испитите, не сакајќи да се коцкаат со сопствената образовна иднина. Така што, аргументот дека учениците во декември го оствариле своето право врз основа на личен избор не е баш најдобар, одговори Сојузот со реакција.

Нивниот претседател Бленди Ходаи во четвртокот изјави дека ќе бојкотираат една недела, а ќе одлучат дополнително за следните чекори и дали ќе организираат протест. 

Државниот испитен центар во ноември ги објави термините за полагање на државната матура која ќе се реализира од 29 мај до 14 јуни 2021. Покрај трите екстерни испити, матурантите имаат и еден интерен и проектна задача. МОН соопшти дека и за оваа генерација матуранти се направени подобрувања на концептот, со измени во проектната задача и со проширување на листата изборни предмети за третиот екстерен испит, така што им се дава можност да изберат и Географија и Информатика.

МОН, исто така, укажа и дека минатата година нашата земја била негативен исклучок во регионот и во светот со неполагањето матура, поради што наши ученици, како што рече Царовска, не успеале да се запишат на високорангирани универзитети во светот затоа што немале положен матурски испит

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе