Морските видови се селат кон половите поради климатските промени

Затоплувањето на морињата е причина за миграција на илјадници морски видови од екваторот кон половите на Земјата, што се заканува на морските екосистеми и опстанокот на човекот, кој зависи од нив, соопштија вчера научниците.

Споредбата на податоците за скоро 50.000 видови во три 20-годишни периоди до 2015 година открива дека егзодусот од тропските мориња е забрзан, напишаа тие во трудот објавен во списанието PNAS.

Тропските мориња долго време биле живеалиште за надпропорционален дел од морскиот живот, но таа разновидност може да исчезне ако не се запрат климатските промени, предупредуваат авторите на студијата.

„Глобалното затоплување го менува животот во океаните веќе најмалку 60 години“, изјави за AFP водачот на истражувањето Марк Костело, професор по морска биологија на Универзитетот во Окланд.

„Нашите анализи покажуваат пад на бројот на видови од околу 1.500 на екваторот“, додаде тој. „Ова ќе продолжи во текот на целиот овој век, но темпото ќе зависи од тоа колку сакаме или не да ги ограничиме емисиите на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина.

Миграциите кон половите се поизразени северно од екваторот, каде океаните се затоплуваат побрзо отколку во јужната хемисфера.

Феноменот е поизразен кај видовите риби отколку кај видовите кои живеат на морското дно.

„Седентарните видови можат да се движат само за време на животната фаза во која лебдат, така што миграциите кон половите бараат смени на генерациите“, објасни Костело.

Спротивно на тоа, видовите што живеат во отворено море „можат да се движат со водените маси цел живот“.

Морскиот живот во тропските мориња се намалува кога просечните годишни температури на морето ќе се искачат над 20-25 степени Целзиусови, открива студијата.

 Пад од 40 проценти до средината на векот

„Видовите изумрени од тропските мориња, со затоплување на суптропските мориња, веројатно ќе ги следат нивните температурни живеалишта“, вели коавторот на студијата Дејвид Шуман, професор по екологија на Универзитетот Нелсон Мандела во Јужна Африка во Порт Елизабета.

Остатоците од фосилите покажуваат дека истото се случило пред 140.000 години, последен пат кога глобалните температури на површината биле толку високи како што се сега.

Врз основа на податоците од информативниот систем за биолошка разновидност во океанот, статистичката студија не проучува како одделни видови ќе се прилагодат на новата средина.

Општо земено, изгледите за видовите кои живеат во отворено море се подобри, покажаа претходните истражувања.

Влијанието врз комерцијалните видови риби во тропските мориња не е анализирано, но јасно е кои делови од светот ќе бидат најпогодени.

„Индонезија и другите народи близу екваторот, како Западна Африка, имаат најмногу да изгубат затоа што нивните рибни резерви можат да се намалат само“, затоа што новите видови риби нема да ги заменат оние во заминување, вели Костело.

Низ целиот свет, околу 1,3 милијарди луѓе живеат во крајбрежните тропски области, од кои многумина се потпираат на риболов како извор на храна.

Неодамнешниот труд објавен во списанието Nature проценува дека максималниот потенцијален улов на риба во тропските предели во т.н. ексклузивните економски зони до 370 километри од крајбрежјето може да се намалат за 40 проценти до средината на векот ако глобалното затоплување не запре.

Во повеќето островски земји во Тихиот Океан, уловот на туна жолтоперка, најизвезуваната риба, ќе се намали до 40 проценти според истото сценарио, додека бројот на риби од корални гребени што се консумираат локално, дополнително ќе се намали.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе