Можен е нов бран на COVID-19 уште во август, а потоа и трет

МИА/КАЈГАНА
/ 06.05.2020 / 17:24

Белгискиот Федерален центар за јавно здравје предупредува дека постојат сценарија за нов, поголем бран на зараза со COVID-19 уште во август, но оти е можен и трет бран.

– Можно е бројот на заразени како и бројот на хоспитализирани луѓе наскоро повторно да почне да расте доколку пребрзо и немарно се укинат рестриктивните мерки или доколку не се придржуваме до правилата, изјави белгискиот епидемиолог Стевен ван Гухт.

Remote video URL

Белгиските експерти предупредуваат дека не е исклучено и воведување на втор „карантин“ на земјите на зима со цел да се намали ширењето на инфекцијата.

– Сѐ зависи од тоа колку ќе успееме да го адаптираме нашето однесување на новонастанатата ситуација и колку ќе биде успешна стратегијата за следење на контактите, се наведува во соопштението на белгискиот Центар за јавно здравје.

Се зголемува бројот на излекувани од COVID-19, се намалува на заболените во критична состојба

Од новиот коронавирус досега во светот се излекувале 1.242.432 лица, а се намалува и бројот на заболени кои се критична состојба, кој сега изнесува 2%.

Според Worldometer, во светот досега од коронавирусот се заразија 3.727.936 лица, а починаа 258.344 луѓе.

Најтешка е состојбата во Соединетите Американски Држави, каде се заразени повеќе од 1,2 милиони луѓе, а повеќе од 72.000 починале, додека од европските земји Шпанија е со најголем број заразени, а по бројот на починати вчера Велика Британија ја надмина Италија.

Во Европа, по Шпанија, најмногу заразени има во Италија, Велика Британија, Германија и Русија, а најмногу смртни случаи по Британија има во Италија, Шпанија и Франција.

Од латиноамериканските земји најлоша е состојбата во Бразил, а на Блискиот исток во Иран.

Во Кина, од каде што се прошири вирусот, досега се заразени 82.883 лица, а починаа 4.633.

Во регионот по бројот на заразени и починати и натаму предничи Романија со 13.837 заразени и 841 починат.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе