Мпабе доби невидена моќ во ПСЖ: Кого ќе стави пред „стрелачки вод“?

За да потпише за ПСЖ, Килјан Мбапе услови не само огромен договор до 2025 година, туку и значаен дел од влијанието во донесувањето одлуки клучни за функционирањето на клубот, тврди денеска Mundo Deportivo и објаснува каква е оваа невидена моќ на еден фудбалер.

Според каталонскиот медиум, Мбапе повеќе не е само играч, туку човек чиј глас, заедно со тренерот, спортскиот директор и претседателот, важи подеднакво кога се во прашање кадровските решенија за продажба и купување на играчи. Работите наводно отишле толку далеку што Мбапе составил список за пред „стрелачки вод“ во кој биле вклучени 14 луѓе од клубот.

Списокот е огромен

Меѓу тие 14 лица се тренерот Маурисио Почетино и 13 соиграчи, меѓу кои Тило Керер, Јулијан Дракслер, Данило Переира, Леандро Паредес, Андер Херера, Лајвин Курзава, Мауро Икарди, Пабло Сарабија, Хуан Бернат, Идриса Гује, Колин Дагба и Серхио Рико.

Катарските сопственици наводно веќе го одобриле списокот, а сега се водат разговори за тоа кого ПСЖ ќе донесе во текот на летниот преоден рок. Мбапе, исто така, наводно веќе го одобрил доаѓањето на Аурелиен Чоамени од Монако доколку ПСЖ успее да го земе пред Реал Мадрид кој исто така го посакува.

Французите пишуваат за поинаква распределба на моќта

Да потсетиме, претходно Le Parisien пишуваше за големите промени во ПСЖ, но не во режија на Мбапе. Во ПСЖ, откако Мбапе остана во клубот, дојде до промена на функцијата спортски директор. Бразилецот Леонардо го напушти клубот за да го преземе Луис Кампос, долгогодишниот спортски директор на Лил.

Според Le Parisien, Кампос е доведен како човек кој треба да ја креира спортската политика на ПСЖ во следните неколку години, со цел порационално да се трошат парите и конечно трофејот од Лигата на шампионите да стигне до „Паркот на принцовите“. Le Parisien денеска објави дека првиот чекор на Кампос ќе биде да го исчисти постоечкиот кадар.

Преодниот рок ќе покаже што е вистина

Според француските медиуми, дури десет играчи на кои не смета Кампос ќе го напуштат клубот во овој преоден рок. Тоа се: Серхио Рико, Лајвин Курзава, Тило Керер, Абду Диало, Леандро Паредес, Андер Херера, Данило, Идриса Гује, Јулијан Дракслер и Мауро Икарди.

Анхел Ди Марија кому му истече договорот веќе го напушти клубот, а многу медиуми пишуваат дека од врвот на ПСЖ пристигнуваат информации дека шеиците се спремни да слушаат понуди за Нејмар. Тие не се склони да продаваат, но ако некој стави на маса сума што би ги заинтригирала, тие се отворени за преговори.

Во оваа верзија на расплетот се споменува и позицијата на Маурицио Почетино, исто како и со Мбапе, но овојпат само како позиција за која треба да се разговара, а не нужно како позиција во која ќе дојде до промена. Што е всушност точно за овие шпекулации ќе биде јасно кога ќе заврши преодниот период наесен.

реклама

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе