Се распаѓа шампионскиот тим –дури 10 играчи заминуваат од ПСЖ

ПСЖ неодамна забележа голема пазарна победа. Успеа да го задржи Килјан Мбапе во Париз, најдобриот играч и човекот околу кој клубот планира да изгради нов проект во годините што следат.

Промена имаше и на функцијата спортски директор. Бразилецот Леонардо го напушти клубот, а на негово место дојде Луис Кампос, долгогодишниот спортски директор на Лил.

Токму Кампос беше доведен како човек кој треба да ја креира спортската политика на ПСЖ во следните неколку години, сè со цел порационално да се трошат парите и конечно трофејот од Лигата на шампионите да стигне до „Паркот на принцовите“.

Le Parisien денеска објави дека првиот чекор на Кампос ќе биде да го исчисти постоечкиот кадар.

Десет играчи заминуваат

Според реномираните француски медиуми, дури десет играчи на кои не смета Кампос ќе го напуштат клубот во овој преоден рок. Станува збор за Серхио Рико, Лајвин Курзава, Тило Керер, Абду Диало, Леандро Паредес, Андер Херера, Данило, Идриса Гује, Јулијан Дракслер и Мауро Икарди.

Анхел Ди Марија, кому му истече договорот, веќе го напушти клубот, а многу медиуми пишуваат дека од врвот на ПСЖ пристигнуваат информации дека шеиците се спремни да слушнат понуди за Нејмар. Тие не се склони да продаваат, но ако некој стави на маса сума што би ги заинтригирала, отворени се за преговори.

Кој ќе биде тренер?

Покрај играчката загатка, Кампос го чека и процесот за избор на нов тренер. Le Parisien пишува дека Маурисио Почетино одамна ја загубил довербата на челниците на клубот и дека сега на Кампос е да донесе човек на кој ќе му го довери тимот.

Првиот обид за доведување нов тренер беше во насока на разговори со Зинедин Зидан, но француската легенда ја одби поканата на Париз бидејќи се надева, а според некои извори веќе е договорено дека ќе ја преземе француската репрезентација, по заминувањето на Дидие Дешам и Светското првенство во Катар.

Освен Зидан, како потенцијални нови тренери на ПСЖ се споменуваа Антонио Конте, Тиаго Мота и Јоаким Лоу, но засега нема информации кои би потврдиле дека активно преговараат со некој од нив.

Тагови
реклама

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Фудбал

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Read more

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Read more

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Read more

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе