МТСП: Термините мајка и татко не се менуваат

Министерството за труд и социјална политика најостро ги демантира дезинформациите и лажни вести кои ги изнесе ВМРО – ДПМНЕ во однос на новиот Предлог – закон за спречување и заштита од дискриминија. Во никој случај со овој закон не се брише семејството, ниту пак се бришат термините мајка и татко, ова воопшто не е предмет кој се уредува со овој закон, стои во соопштението од МТСП.

Законот за спречување и заштита од дискриминација е т.н. lex specialis, односно не ја уредува детално секоја област на која се однесува. Во новиот предлог закон се вклучени општи одредби, кои подетално се уредуваат во посебни закони. Конкретно, одредбата за “бракот дека е заедница меѓу маж и жена” е уредена во Законот за семејство и таму нема промени за ова прашање. Во Република Северна Македонија бракот, како и вонбрачната заедница, се заедници меѓу еден маж и една жена, и родителите се именуваат како татко и мајка.

Законот за спречување и заштита од дискриминација, со вклучувањето на основите на сексуална ориентација и родов идентитет, ја проширува заштитата од дискриминација кон оваа група на граѓани. Ова законско решение овозможува превенција и еднаков пристап до механизмите за заштита од дискриминација за сите граѓани. Основа за донесување на овој закон е токму Уставот на Република Северна Македонија, во кој се утврдени основните слободи и правата на човекот и граѓанинот.

Исто така, Законот за спречување и заштита од дискриминација има добиено позитивни мислења од Венецијанска комисија, од Обеднитетите нации, од ЕУ и од ОБСЕ-ОДИХР. Тие истакнуваат дека Република Северна Македонија, со ова ново законско решение, прави значаен чекор во борбата против сите форми на дискриминација, почитувајќи го и вклучувајќи го законодавството на ЕУ и меѓународните стандарди за човекови права.

МТСП апелира до јавноста да не подлегнува на манипулации и лажни информации. Законот за спречување и заштита од дискриминација е достапен за секој, може да се види на веб страната на Министерството за труд и социјална политика и на веб страната на Собранието на Република Северна Македонија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе