Муцунски: Доста е неработење и неразумност, апелираме до градските власти веднаш да постапат за собирање на отпадот

Градската администрација го има донесено градот до степен на апсурд и за жал наместо преземање мерки за решавање на проблемот слушаме говори полни со навреди. Но, тоа не е нашето ниво. Без разлика на политичката партија, етничката припадност сите сме обединети да си помогнеме и да го решиме проблемот на граѓаните. Ова во денешната изјава по завршување на седницата на Скопскиот плански регион во изјава за медиумите го истакна градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

„Немаме капацитет и немаме финансиски ресурси како општини и во овој случај потребно е да престане политиката. Не може Штип, Велес, Битола и Старо Нагоричане да доаѓаат да ни ги чистат контејнерите, бидејќи тоа е обврска на функционерите од Градот кои се именувани и избрани за тоа“, потенцираше Муцунски во изјавата.

Тој притоа упати апел за разумност и во име на сите градоначалници од скопскиот плански регион, а поради постоење на здравствен ризик, побара градските служби веднаш да постапат со собирање на отпадот, затоа што како што потенцираше  во изминатите неколку дена и цели две години гледаме неработење и неразумност.

Општина Аеродром во текот на изминатата вечер со поддршка на Општина Штип започна акција за индивидуално собирање на сметот од контејнерите. Со капацитетите кои не се ставени на располагање, таа акција продолжува и денес.

Изјава - седница на Скопскиот плански регион

Градската администрација го има донесено градот до степен на апсурд и за жал наместо преземање мерки за решавање на проблемот, слушаме говори полни со навреди. Но, тоа не е нашето ниво. Без разлика на политичката партија или етничката припадност, сите сме обединети да си помогнеме и да го решиме проблемот на граѓаните што поскоро. Апелираме за разумност и бараме градските власти поради постоење здравствен ризик, веднаш да постапат со собирање на отпадот, затоа што во изминатите неколку дена и цели две години гледаме неработење и неразумност.

Posted by Timco Mucunski on Monday, July 10, 2023
реклама
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Македонија

Поради падот на температурите, грејната сезона започнува од утре

Read more

Казнети свадбарите што блокираа улица во Аеродром

Read more

Период на променливо облачно со повремени врнежи, на повисоките планини ќе бидат од снег

Read more

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more

Вести

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Читај повеќе

Шефицата на ММФ: Инвестициите во вештачка интелигенција го одржуваат глобалниот раст на 3%

Читај повеќе

Поради падот на температурите, грејната сезона започнува од утре

Читај повеќе

Маѓар за истополовите бракови: Многу сум претпазлив

Читај повеќе

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Казнети свадбарите што блокираа улица во Аеродром

Читај повеќе

Bloomberg тврди: Русија изгубила над 50.000 војници во септември