МВР: Интензивно трагаме по убиецот на Јанушев

Четврти ден од убиството на фудбалерот Мартин Јанушев, полицијата сè уште трага по убиецот.

Од МВР велат интензивно работат на расчистување на случајот во соработка со Основното јавно обвинителство, но во интерес на истрагата, велат, не откриваат повеќе информации.

Во јавноста и на социјалните мрежи се пишува за повеќе сценарија околу овој случај, од „расчистување“ на нерасчистени односи, до можен нарачател за убиството, како и тоа дека убиецот бил осуденик пуштен на слобода за викенд. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, сторителот побегнал во соседна држава, каде што сè  уште се крие, поради, како што тврдат, ненавремена реакција на полицијата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Зошто веднаш по убиството не беше направен обрач? Зошто веднаш по убиството убиецот не беше ставен на стоп-листа? Кога убиецот ја поминал границата и на кој граничен премин? Со чие возило? Кој го изнел од Скопје? Ова се прашања кои ќе имаа одговор доколку полицијата работеше професионално, а не по партиска наредба“, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев беше застрелан со неколку куршуми во петокот попладне околу 17.40 часот на улицата Владимир Комаров во населба Аеродром, по што веднаш бил пренесен во градската болница „Св. Наум Охридски“. Јанушев почина по само еден час откако беше застрелан.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Хроника

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Read more

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе