МВР: Казни за 1.143 лица кои не носеле маски

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирани се 1.143 прекршоци за граѓани кои не ја почитувале мерката за носење маски.

На територијата на Република Северна Македонија на 905 лица им се издадени решенија за изолација, а 120 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Основното јавно обвинителство Прилеп  до Основниот суд Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против 11 лица, а до Основниот суд Крушево поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица, сите за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетите во Прилеп или Крушево го прекршиле полицискиот час, па обвинителството за секого од нив во надлежните судови, предложи парична казна од 100 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози за пет лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

-Обвинителството на Судот му предложи на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парични казни во висина од 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Обвинетите, како што посочуваат од Обвинителството, биле затекнати од страна на полициските службеници како се движат пеш или со автомобил по улиците низ градот додека во сила била Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Хроника

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Read more

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе