МВР поднесе нови кривични пријави за насилниците од нападите во Собранието

СВР Скопје соопшти дека е поднесена кривична пријава против лицата А.Б. (60) од Тетово и А.Ш. (22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ за време на насилните протести во Собранието на 27 април.

„Првопријавениот А.Б., откако насилно влегол во Собранието, во прес салата се туркал и се обидел физички да се пресмета со обезбедувањето на пратеникот О.С., упатувајќи им закани. Во моментот кога сакал да се доближи до пратениците бил задржан од страна на  друго лице. Второпријавениот А.Ш. насилно ја отворил влезната врата на Собранието, удирајќи ја со раце и нозе, притоа туркајќи ги и влечејќи ги полициските службеници поставени во кордон пред вратата. За преземените дејствија на двајцата пријавени обезбедени се видео записи, со нив биле извршени разговори во кои целосно ги појасниле преземените дејствија, по што истите се ослободени“, пишува во соопштението од МВР.

Исто така, до Основно јавно обвинителство Скопје доставени се три Известувања. Првото се однесува за извршени прегледи на видео материјали од настаните на 27.04.2017 година во Собранието при што било утврдено дека осум лица се присутни во Собранието, но немаат преземани никакви дејствија. Второто се однесува на барање за издавање Наредби до мобилен оператор за издавање на листинзи на телефонски број сопственост на лице за кого претходно е поднесена кривична пријава и извршен претрес во дом и други простории. Третото известување се однесува за обезбедена целокупна здравствена документација на лица кои се пријавиле како оштетени од наведениот кривично правен настан во ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје.

СВР Скопје извести и дека бил извршен разговор и со лицата  О.Р. (42) и С.М. (51), двајцата од Скопје и вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање. По извршениот разговор тие биле ослободени, а во консултации со Јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок.

реклама

Македонија

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more
 

Вести

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе