АБА2 ЛИГА 2021/22

МЗТ го загуби финалето, но се пласираше во АБА елитата

Кошаркарите на МЗТ синоќа во СЦ „Јане Сандански“ загубија од Златибор во финалниот натпревар на завршниот турнир во регионалната АБА2 лига.

Натпреварот беше решен по продолжение од пет минути, откако основните 40 завршија нерешено 72:72.

Избраниците на тренерот Александар Петровиќ не го искористија последниот напад за победа, откако претходно успеаја да ја анулираат предноста на гостите од Србија која на моменти изнесуваше и 20 поени.

И покрај поразот во финалето, МЗТ го обезбеди враќањето во јадранската елита, додека Златибор ќе игра бараж со најслабопласираниот српски тим во АБА.

Најефикасен играч на натпреварот и најзаслужен за триумфот на Златибор во победничкиот тим беше Душан Кутлешиќ со 35 пени.

Во поразениот тим Војдан Стојановски постигна 14 поени.

„Огромна благодарност за нашите верни навивачи и сите останати симпатизери на клубот, но и на македонскиот спорт, за поддршката која ни ја дадоа во изминативе пет дена. Заеднички ја остваривме целта“, објави клубот.

МЗТ и покај поразот избори пласман во најдобрата АБА лига бидејќи Златибор како српски клуб мора да игра бараж со друг клуб од оваа земја поради правилото за ограничување на бројот на учесници од една држава.

Тагови
реклама

Кошарка

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе