На денешен ден, пред 75 години, жените во Југославија се стекнаа со право на глас

Пред точно 75 години, на 11 август 1945 година, жените во Југославија се изборија за право на глас.

Правото на глас за жените беше потврдено уште во 1941 година во документите на Врховниот штаб на народноослободителните партизански одреди на Југославија, кој во тоа време имаше контрола над териториите ослободени од нацистичката окупација.

Тоа право првпат е искористено по Втората светска војна, на изборите за Уставотворното собрание во ноември 1945 година. Во тоа време, сите мажи и жени над 18-годишна возраст во земјата гласаа за Уставотворното собрание.

По овие избори, првите на кои југословенските жени имаа право на глас, на 29 ноември 1945 година, монархијата беше укината и беше прогласена Федеративна Народна Република Југославија.

Во истата година, жените во Франција и Италија се изборија за право на глас. Жените во Швајцарија со тоа право се стекнаа во 1971, а во Лихтенштајн дури во 1984 година. Прва земја во светот во која жените остварија право на глас е Нов Зеланд, каде жените гласале уште во 1893 година.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе