На Инфективна клиника се лекуваат 14 пациенти со грип и компликации, а еден e во тешка состојба

Скопје, 23 јануари 2020 (МИА) – Четиринаесет пациенти со клиничка слика на грип и компликации меѓу кои најчесто со пневмонија, се лекуваат на Универзитетската Клиника за инфективни болести. Од нив пет се лабораториски потврдени.

Станува збор за пациенти со инфлуенца АH1N1. На Одделот за интензивна нега има еден пациент кој се наоѓа во тешка животозагрозувачка состојба, со хронична опструктивна белодробна болест и со хронична респираторна инсуфициенца. Тој е примен на Клиниката поради масивна пневмонија и во моментот е на механичка вентилација во животозагрозувачка состојба.

Ова денеска го изјави д-р Сања Maринковиќ од Клиниката, која рече дека вчера во нивната амбуланта се прегледани осум пациенти со клиничка слика на грип од кои двајца со долно респираторни компликации, односно пневмонија како компликација се задржани на болничко лекување.

Посочи дека меѓу хоспитализираните има помлади и повозрасни, главно се невакцинирани за грип, а најголем број од нив имаат хронично заболување.

– Од почетокот на сезоната на грип на Инфективната клиника амбулантски се прегледани 53 пациенти со клиничка слика на грип. Од нив досега на болничко лекување со компликации се задржани 22 пациенти, истакна д-р Маринковиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање таа рече дека најдобра превенција за грип е вакцинацијата и дека треба да се избегнуваат поголеми јавни собори, да се внимава на личната хигиена и да се мијат рацете, да се отстранува секрет од нос со хартиени марамчиња кои се за еднократна употреба, да се кива и кашла во марамчиња и да се избегнување контакт со претходно загадени површини. Додаде дека тоа се мерките за препорака за поголем број заразни заболувања меѓу кои и грипот. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе