На кого Русија ќе продава нафта откако ќе настапи целосното ембарго на ЕУ?

Б.С.Б.
/ 25.09.2022 / 11:01

По воведувањето на европските санкции, Русија значително ја зголеми испораката на нафта во Азија, но и понатаму мора да насочи повеќе од четвртина на извозот сирова нафта од Европа или околу 1.3 милиони барели дневно, кога во декември ќе настапи целосното ембарго на ЕУ.

Во август вкупниот руски извоз преку европските пристаништа и нафтовод изнесуваше 12.05 милиони од кои околу 5.5 милиони тони беа испорачани во земји кои од 5 декември ќе престанат со увоз на руска нафта.

Русија мора да најде нови купувачи за сирова нафта што би можело да бара и пониски цени и посебни услови, но се соочува и со логистички проблеми со испораката.

САД и ЕУ исто така работат на ограничување на цената на руската нафта, тврдејќи дека тоа ќе помогне во намалување на приходите на Москва, а истовремено ќе ги одржи ниски цените на енергенсите во светот.

Од Москва порачаа дека нема да продаваат нафта на земјите кои воведоа ограничување, а трговците велат дека не гледаат начин на кој таа мерка ќе функционира.

Русија ја снабдува Европа со околу 3.2 милиони тони нафта месечно преку нафтоводот Дружба. Најголемите купувачи Германија и Полска сакаат да запрат со купување руска нафта од 2023 година, што значи дека Русија ќе мора да најде нови купувачи за околу 2 милиони тони месечно. Дури и ако понуди многу поволни услови, Индија и Кина веројатно нема да можат да купуваат големи количини нафта бидејќи имаат долгорочни договори со произведувачи како Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати.

За да не се потпира исклучива на Кина, Индија и Турција, Русија ќе се обиде да им се додвори на „малите играчи“. Шри Ланка ќе купува нафта од Русија, досега купила околу 300.000 тони, а Куба 200.000 тони.  Сепак, тие купувачи дефинитивно не се доволно и веројатно конечното решение ќе биде значително редуцирање на производство на нафта.

 

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе