На месец пред изборите во САД, Клинтон во водство

Еден месец пред претседателските избор во САД на 8-ми ноември, кандидатката на Демократската партија Хилари Клинтон според анкетите е во подобра позиција од ривалот од Републиканската партија, Доналд Трамп и може да влезе во американската историја како првата претседателка.

Меѓутоа, во просек најновите национални анкети на Хилари Клинтон ѝ даваат предност од 3,2 процентни поени пред Доналд Трамп, со 43,9 отсто наспроти 40,7 отсто насочени гласови, во анкетите кои ги вклучуваат и другите послаби кандидати Гери Џонсон од Либертаријанската партија и Џил Штејн од Зелените.

Во 12 клучни сојузни држави каде што се одлучуваат изборите во САД, 68-годишната поранешна прва дама и поранешна државна секретарка последните две седмици има зголемени шанси. Клинтон го презема водството од Трамп на Флорида, во Невада, во Северна Каролина и Колорадо. Ја зголеми предноста во Пенсилванија, но во Охајо нејзиниот противник е во предноста, иако се проценува дека оваа држава не ѝ е неопходно, доколку ги оствари победите, во претходно споменатите, за да оствари конечна победа.

Малку пред и веднаш по првата телевизиска дебата, 70-годишниот Трамп ја стопи двоцифрената предност на Клинтон, па дури и едно време за неколку процентни поена во некои анкети мина во водство.

„Динамиката беше на негова страна“, оценува за AFP Роберт Шапиро, експерт на Универзитетот Коламбија во Њујорк. Меѓутоа, смета дека послабото преставување на Трамп во дебатата, неговите реакции по неа, ја преобратила динамиката. Оцените се дека неговите гневни твитови на сметка на поранешната латино Мис Универзум, го зголемиле сомневањата во неговиот карактер.

На демократите, пак, не им помогнаа многу и објавувањата во The New York Times на неговата даночна картичка од 1995 година, кога пријавил астрономска загуба од неколку големи финансиски операции од 916 милиони долари, што би му овозможило следните 18 години да не плаќа данок што „можеби“ го користел. Меѓутоа, повеќе влијателни финансиски стручњаци укажаа дека не станува збор за нелегална активност, туку доказ за неговата „генијалност“ во користење на законите за да ја спаси компанијата.

Но тоа истовремено ги потсети избирачите и на скандалот и истрагата во врска со семејната фондација на Клинтонови, односно сомневањата дека странски влади уплатувале значителни суми особено во периодот додека таа беше шефица на дипломатијата на САД, од 2009 до 2013 година.

Оттаму, еден месец пред изборите демократите се претпазливи, бидејќи некои истражувања на јавното мнение покажуваат дека би можело да бидат претпазливи. Претседателската кампања, покажуваат анкетите, одбила милиони гласачи. А апстиненцијата на избирачите ги загрижува демократите, кои сфаќаат дека во републиканскиот камп одушевувањето е поголем.

За да ги мотивираат младите жени, расните заедници и општествените малцински заедници, на теренот излегуваат и нејзиниот сопруг, поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, како и актуелните станари на Белата куќа, Барак и Мишел Обама, сенаторите Елизабет Варен и нејзиниот против кандидат за партиската номинација Берни Сандерс, и ќерката Челзи Клинтон. Се најавува и активност на поранешниот потпретседател Ал Гор, кој како голем поборник на екологијата треба да ги привлече активистите за зачувување на природната средина.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе