На повидок голем пресврт: Можен договор меѓу американските власти и основачот на Викиликс

Макфакс
/ 14.08.2023 / 19:38

Амбасадорката на САД во Австралија, Керолин Кенеди, навести дека би можело да има договор за признавање вина меѓу Џулијан Асанж и американските власти што би можело да ја прекине американската потера по основачот на Викиликс и да му дозволи да се врати во Австралија.

На прашањето на The Sydney Morning Herald дали е можно САД и Австралија да постигнат дипломатски договор за Асанж, Кенеди рече дека „случајот е во тек“ и дека Министерството за правда се занимава со тоа.

„Значи, тоа навистина не е дипломатско прашање, но мислам дека може да има решение“, рече Кенеди во интервју за австралискиот весник.

Таа ја коментираше изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека обвинувањата против Асанж се сериозни и дека тој ја загрозил националната безбедност на САД со објавувањето доверливи информации.

Но, постои начин да се реши тоа“, потенцира американската амбасадорка.

Габриел Шиптон, брат на Џулијан Асанж, изјави дека „Керолин Кенеди не би ги кажувала овие работи доколку не сака излез од оваа ситуација“.

Асанж, австралиски државјанин затворен во Обединетото Кралство, се бори против екстрадиција во САД, каде што се бара по 18 обвиненија за објавување доверливи американски воени досиеја и дипломатски телеграми кои откриваат воени злосторства извршени од американските сили.

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе