На референдум Швајцарците одбија да се затворат кон ЕУ

Швајцарските гласачи на денешниот референдум го отфрлија предлогот на десницата да се прекине со слободното движење на работници меѓу Швајцарија и земјите на ЕУ.

Според првичните калкулации за резултатот од референдумот од страна на институтот Gfs, дури 62 проценти од Швајцарците гласале против предлогот поднесен од десничарската Народна партија (СВП), јави денеска радиото SRF.

Маргината на грешка за првото броење се проценува на 3 проценти, што значи дека прифаќање на предлогот веќе не е можно.

Народната партија тврди дека досегашниот либерален однос на земјата годишно во просек привлекува 75.000 граѓани на ЕУ, што, пак, доведува до пренаселеност, зголемување на трошоците за домување и оптоварен систем на социјална помош.

Отфрлањето на предлогот беше очекувано, ако се суди според анкетите спроведени пред гласањето.

Речиси две третини од гласачите сметаат дека укинувањето на договорот меѓу Швајцарија и ЕУ за слободно движење ќе го зголеми недостигот на квалификувани работници и ќе го загрози богатството на Швајцарија, покажа неодамнешното истражување на институт Gfs од Берн.

На денешниот референдум во земјата треба да бидат регулирани уште неколку други прашања, вклучувајќи го и воведувањето двонеделно отсуство за татковство, купување борбени авиони и олеснување на ограничувањата за стрелање волци.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе